Томовски: Власта на СДСМ пред заминување прави криминал од 2 милиони евра за набавка на оброци за вработените во ЕЛЕМ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Ивица Томовски

Почитувани,

Власта во заминување е на пат да даде 2 милионски бонбона бизнис на фирма блиска до власта.

СДСМ распишува милионски тендер за набавка на оброци за вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј, работа која до сега ја вршеше ЕЛЕМ Турс, фирма ќерка на АД ЕЛЕМ, по цена од 3 евра по оброк.

Доколку се земе како основна сегашната цена од 3 евра по оброк, доаѓаме до сума високи од 5.400 евра на ден, или 162.000 евра на месечно ниво, односно 1.944.000 евра на годишно  ниво. Тоа се 2 милиони евра кои наместо во државната каса ќе заминат на сметка на некоја фирма блиска до СДСМ.

Досега оброкот го опслжуваше ЕЛЕМ Турс, само со една единствена цел да се обезбеди квалитетен и ефтин оброк за вработените во рудниците и термоелектраните на АД ЕЛЕМ, а воедно и обезбедвање плата за вработените во ЕЛЕМ ТУРС.

Сега овој бизнис ќе замине во приватни фирма блиска до актуелната власт!

Со приватизацијата на производството на оброци се одзема еден приход од кој вработените во ЕЛЕМ Турс вадат плати и е само чекор кон затворање на ова претпријатие и оставање на 200 вработени на улица, тоа се 200 фамилии без леб.

Дали приватизацијата на делот со оброците е со цел затворање на ЕЛЕМ Турс и понатамошно раскрчмување на неговиот имот, како скијачкиот центар Попова Шапка, Авто кампот Ливадишта и објектот во Мавровo Анови!?

Дали преку ЕЛЕМ Турс се спрема новиот бонбона бизнис на власта во заминување и кој треба да се офајди!?

Дали фирмата која треба да го добие тендерот е под директен налог на Васко Ковачески?!

Дали таа иста фирма е во сопственост на актуелен советник од СДСМ во Битола?

Дали имаме уште еден криминал во најава!?

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. Заев никогаш повеќе!

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....