Стаменковска открива скандали: Не се почитувале судски одлуки во корист на вработени во Министерството за информатичко општество и администрација

Со влегувањето на Невенка Стаменковска Стојковски на местото заменик министер за информатичко општество од ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да излегуваат на виделина неправилностите и неправдите кои се случувале врз вработените во јавната и државната администрација. Во 24 Телевизија, таа изјави дека досега до неа има стигнато многу жалби од вработени лица во администрацијата кои подлежеле на неправда.

Сте избркале лице поради тоа што не ви бил партиски истомисленик, си ја терал процедурата на суд, на суд првостепен и на Апелација, и има решение за да се врати на работа. Секој ден тоа лице оди на работа и притоа вие не го евидентирате во Агенцијата за вработување како вработено лице и не му давате работни обврски. А, згора на тоа распишан е оглас за вработување на ново лице од надвор за истото работно место на оштетениот, го обвини Стаменковска Манчевски.

Според неа, ова не е единствен случај каде што раководни лица вршат терор врз вработени јавни и државни службеници, а Министерството за информатичко општество предводено од СДСМ, не ги заштитува нивните права и обврска.

Стаменковска запраша зошто на тоа лице на коешто Судот му досудил пресуда дека е незаконски избркано од работа од директор на СДСМ, не се враќа повторно на работа и не му се запишуваат работни обврски.

Дамјан Манчевски рече дека за непочитување на Судот на директорот му следува кривична одговорност, но сеуште е нејасно зошто досега не е изреагирано по налог на судското решение.

Стаменковска го претрка, велејќи дека токму за овој случај како и за многу други со вакви и слични нерегуларности ќе поднесе процедура од идниот понеделник.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....