Честитка од претседателот Христијан Мицкоски за празникот на српската етничка заедница Свети Сава

Честитка по повод празникот на српската етничка заедница во Република Македонија, Свети Сава од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски.

Дозволете ми во мое име и во името на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската заедница во Република Македонија да ви го честитам големиот празник Свети Сава.

Чествувањето на денешниот празник посветен на првиот српски архиепископ  и просветител претставува почитување на неговото животно дело и вредности кои ги надминаа етничките рамки и сите нас не научија на меѓусебно разбирање и почитување. Неговото дело не обединува во заложбата за креирање на подобра иднина преку јакнење на културните односи во нашата татковина.

Српската заедница како нераскинлив дел од македонското општество  со својата култура и традиција придонесува за збогатување на нашето мултикултурно општество и градење на соживот и мостови на доверба и пријателство во Република Македонија.

Сите ние заедно ја живееме денешната реалност на погазено достоинство, тежок живот, сиромаштија и разочарувања. Затоа преку меѓусебна почит ние мораме да се обединиме и да донесеме промени и да ја обновиме нашата заедничка татковина за да создадеме подобра држава и подобра иднина за нас и нашите идни генерации.

Нека денешниот ден ви донесе многу здравје, радост и благосостојба вас и на вашите семејства.

Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....