Владата молчи за скандалозниот закон со кој македонскиот се третира како втор и странски јазик    

Интегрален текст од изјава за медиуми на Роберт Вељановски

Почитувани,

Поминува осмиот ден како владата молчи за скандалозниот закон со кој македонскиот јазик се третира како втор јазик и како странски јазик во Република Македонија.

Со ваквиот понижувачки однос кон македонскиот јазик СДСМ повторно се обидува набрзина да ги заобиколи процедурите, да го прекрши Уставот и да го игнорира крикот на стручната јавност, ставајќи ја политиката над науката и македонските национални интереси.

Денес ќе укажеме на уште една недоследност, односно намерно непрецизирање на проблематиката којашто се однесува на топонимите со овој закон. Имено, топонимите во Република Македонија се прогласени за културно наследство и за нив е предвидена заштита од прв степен. Законското решение на Заев, Спасовски и СДСМ не предвидува усогласување на овој дел од Законот за употреба на македонскиот јазик со Законот за културно наследство.

Тоа значи дека намерно се остава простор за заобиколување на заштитениот статус на топонимите како културно наследство и се остава простор тие да не се користат во својата изворна форма, односно да се заменуваат со неизворни топоними.

Ова е уште еден доказ дека за СДСМ, Заев и Спасовски, македонскиот јазик може да биде втор или странски јазик во Република Македонија, се додека мислат дека со тоа имаат дневнополитичка и теснопартиска корист.

СДСМ, Заев и Спасовски мора итно да престанат со прекршување на Уставот и законите и со понижувачкиот однос кон македонскиот јазик и македонските национални интереси.

Владата мора да ги слушне и прифати реакциите на 90% од стручната јавност за ова штетно и понижувачко законско решение, и овој закон мора да се донесе во редовна процедура низ три читања, а не на препознатливиот за Заев и СДСМ шверцерски начин.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите законски и демократски средства на ваквиот штетен и омаловажувачки однос кон македонскиот јазик од страна на СДСМ и ќе работи на негово итно и темелно подобрување.

Обновата доаѓа, промените доаѓаат, а со нив и одговорноста за сите кои го прекршиле законот и нанеле штета на македонските национални интереси.

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....