Милошоски: По примерот на Заеви во Струмица, Македонија ќе стане „Урбанистичка мафија инженеринг“

На денешната собраниска дискусија во врска со предлог измените на законот за градење, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски истакна дека со овие измени моделот како Заев со неговиот брат Вице Заев го применувал со фирмите „Тотал инженеринг“, „Дравас инженеринг“, „Сара Јавор инженеринг“, сега форсираат да се имплементира на ниво на цела Македонија, односно Македонија да стане урбанистичка мафија инженеринг, вели Милошоски.

-Со овој предлог закон посебно со спорната интервенција  од 10 % државно градежно земјоште на одредена парцела, сликата за тоа како се градело во општина Струмица се пренесува на ниво на цела Република Македонија, вели Милошоски.

Тој остро се спротивстави и рече дека овој закон се носи наменски, министерот знае за кои општини и за кои парцели станува збор, инаку не би бил процентот така прецизен 10 % градежно земјиште во државна сопственост. Овде се знае точно, ние не знаме, но ќе дознаеме, ова е легализирање на веќе почнати постапки каде што луѓето од власта поврзани во Заев и Вице Заев имаат одреден влог ,па се плашат дека овој влог ќе им пропадне после изборите 12-април, вели Милошоски.

Тој вели исто така дека процентот не е 20%, туку е прецизни  10 %, за да можат да потпишат градоначалниците на власт и за да се гради на тоа земјиште од страна на луѓето блиски на власта.

-Власта веројатно се плаши за својот опстанок, и ако уште сега на овие нивни битни стопански субјекти поврзани компании со Заеви да им обезбеди опстанок во иднина. Заев и Вице Заев директно се поврзани со овие фирми, овој закон е направен да му се помогне на кланот Заеви, рече Милошоски.

Тој го нагласи случајот со бизнименот Тошевски, кој бил член на СДСМ десетина години кој има атрактивна парцела меѓу хотелот Хилтон и Универзитетот ФОН на Фијат Цановски. На која што парцела разни адвокати му даваат понуда да ја продаде, тој добива понуда од Вице Заев кој е заинтересиран купувач, и во тој реон има и дел државно земјиште и знаеме дека е атрактивно и дознаваме сега дека Вице Заев  не е само заинтересиран за Струмица туку за цела Македонија.

Ќе видите наскоро за кого се наменети овие законски интервенции, заклучи Милошоски.

 

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....