Димитриеска Кочоска: Жестоко ќе се спротивставам на задолжувањата за непродуктивни работи

Доколку дојде до задолжување со евро обврзница секако дека жестоко ќе реагирам, бидејќи има причина за тоа. Од она што ме информираа во Собранието во моментот имаме две дополнителни задолжувања најверојатно во претходниот период се влезени во процедура. Како човек која долг период била во банкарскиот сектор секогаш е прашањето кога се задолжувате, за што се задолжувате, така да жестоко ќе реагирам само од причина што ние имаме краток период во кој што не е возможно да ги погледнете сите капитални инвестиции, да ја видите причината и потребата од истите и какви ефекти и додадена вредност ќе имаат, вели дополнителниот заменик министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во денешното интервју „Што не јасно“ на телевизија Алфа.

Според Димитриеска Кочоска доколку државата се задолжува тогаш треба да се задолжува за инвестиции кои што ќе бидат од интерес на граѓаните и подобрување на економијата, а не за непродуктивни работи.

-Сметам дека треба да има задолжување за продуктивни цели односно задолжување за инвестиции кои што ќе бидат во интерес на граѓаните и на бизнисот и кои што ќе направат додадена вредност на економијата, додаде таа. Во однос податоците од Народна банка Димитриеска Кочоска истакна дека, според анализите кои што ги правела има пад на инвестициите во основните средства во приватниот сектор за 3,33 проценти во 2018 година во однос на 2017татат година, укажувајќи дека проектите на владата на СДСМ од типот на пиши бриши економија негативно влијае на економијата. Правев анализа на податоците кои што ги дава Народната банка во делот на задолжувањето како на домаќинствата, така и на приватниот сектор. За мене загрижувачки податок е фактот дека имаме пад на инвестициите во основни средства во приватниот сектор за 3,33 проценти во 2018 година во односно на 2017 година. Притоа да не заборавиме во некои други години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборам за 2006,2007,2008 година тие проценти беа многу високи над 20 проценти имавме инвестиции на приватниот сектор во основни средства што значи дека тогаш бизнисот гледаше надеж, постоеше некоја позитивна бизнис клима и поради тоа се охрабри да инвестира. Тоа значи дека протектирате за следни 10 години. Овие „пиши бриши“ економски политики бидејќи во една година неколку месеци воведувате прогресивен данок, па на 8 месеци од воведување на прогресивниот данок велите „Пу Пу не важи ова“, сега ќе одиме со рамен данок, за да трагедијата биде поголем рамниот данок го враќате само на 36 месеци. Кажете ми кој бизнисмен ќе проектира во вакви нестабилни услови поготово од аспект на даночната политика, смета Димитриеска Кочоска.

Според дополнителната министерка за финансии Димитриеска Кочоска воведување на прогресивниот данок од страна на владата на СДСМ е една од најголемите грешки направена во однос на економијата.

– Воведувањето на прогресивниот данок можам да кажам дека беше најголемата грешка која што ја направи владата на СДСМ. Прво поради тоа што доколку видете според данок на доход колку прибрал Буџетот во однос на претходната година ќе забележиме дека некаде околу 1 милијарда и 100 милиони денари, имаме зголемување на данок на личен доход во однос на претходната година. Но, она што е загрижувачки е фактот што имаме зголемување на данокот на личен доход само на плати и други лични примања, односно од 1 милијарда и 100 милиони денари, 1 милијарда доаѓа токму од тоа од платите на граѓаните. Понатаму исплатата односно обврската да го плати и теретот на данокот на личен паѓа на компаниите, што значи дека бизнисот платил 1 милијарда денари на данок на личен доход на своите вработени, а тоа се повеќе од 15 милиони евра и сега наместо бизнисот да ги има тие пари кај себе и да ги инвестира затоа што тоа е најдобро знае што е добро за него во моментот ги плаќа во државата, а притоа да не збориме дека со ова не се постигна никаков ефект, додаде Димитриеска Кочоска.

Според неа рамниот данок е потребно да се врати целосно а не само 36 месеци како што изјави од владата на СДСМ. Лошо е тоа што наместо да го вратат рамниот данок комплетно, тие направија друга ситуација односно кажаа за следните 36 месеци, посочи таа.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.