Николоски:Со Зоран Заев во Македонија нема нови странски инвестиции и проекти

Со Зоран Заев во Македонија нема нови странски инвестиции и проекти. Македонија изгуби три години со владата предводена од Заев. Од најавуваниот економски бум во Македонија нема ништо. Владата на Заев не успеа самата да донесе ниту една нова странска инвестиција која започна реално со работа, а која не била претходно комуницирана од претходниот тим.

Република Македонија во изминатиов период пропушти шанса да отвори нови работни места преку привлекување странски инвестиции. Странските инвестиции наместо во Македонија завршија во Србија, Бугарија и Албанија.

Со оваа Влада ги изгубивме следните проекти и инвестиции:

– „Леони“ одлучи да инвестира во Србија во Краљево 60 милиони евра и да отвори 5 000 нови работни места

– „Аптив Пакарт“ исто така одлучи да инвестира во Србија во Лесковац и да отвори 3 000 нови работни места

– „ЗФ“ инвестира во Србија во Панчево и планира да достигне 1 000 нови работни места

– „Адиент“ нова инвестиција во Србија во Лозница каде што ќе се вработат нови 1 500 работни места

– „Римастер“ уште една инвестиција во Србија во Парачин. Шведската компанија планира да достигне 1 000 вработени

– „ВОС“ е проект кој замина во Бугарија во Баховица и планира да инвестира 15 милиони евра и да има 1 000 вработени

– „Леони“ одлучија уште една инвестиција да биде во Бугарија во Плевен наместо во Македонија. Нивната инвестиција е вредна 32 милиони евра и 2 000 нови работни места

– „Јангфенг“ е инвестиција во Србија во Крагуевац и ќе достигне 800 нови работни места

– „Јура“ инвестира во Албанија 6.5 милиони евра и отвори 600 нови работни места, а планираат да достигнат до 4 000 нови работни места.

Овие инвестиции носат најмалку 19.000 нови директни вработувања и стотици милиони евра инвестиции.

Наместо отворање на нови странски инвестиции и нови работни места во Македонија, изминатиов период гледаме криминал, корупција, неспособност и скандали. Странски инвестиции се привлекуваат со работа и посветеност, а не со криминал и корупција. За време на предвремените парламентарни избори во 2016 година тврдеа дека ќе се подобрат условите за домашните компании. И од тоа ветување нема ништо – НЕМА НИТУ ЕДНА НОВА ДОМАШНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ТИР ЗОНИТЕ

Новата Влада од ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени ова. Ќе работи на привлекување на странските, зголемување на домашните инвестиции и силна економија. Со силен економски тим ќе го подобриме животниот стандард за сите во Македонија. Со Заев Македонија изгуби три години. Време е да се променат работите.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...