Николоски: Откако СДСМ е на власт грам кокаин македонската царина и полиција немаат запленето

Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес на утринска програма на Телевизија Алфа посочи дека откако СДСМ е на власт грам кокаин македонската царина и полиција немаат запленето. Поради тоа ако СДСМ победи на овие избори иако е невозможно тогаш Македонија ќе биде високо корумпирана земја.

Прво, избор на граѓаните е кој ќе победи на изборите. Јас сум длабоко убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе сериозна убедлива победа. Победа која што како што кажав на почеток на овој наш разговор ќе решава и покрупни прашања. Сепак доколку тоа не е волја на граѓаните треба да се свесни дека Македонија сега е практично во една висока фаза на корумпирана држава. Доколку Зоран Заев ќе победи ќе биде високо корумпирана држава во која што нормален човек нема да може да функционира доколку не е дел од криминален картел, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека во тој случај луѓето би се поделиле на два дела, едниот дел ќе стане криминален, а другиот дел ќе биде граѓаните што ќе ја напуштат Македонија.

Ние сме спремни со тоа да се бориме, и да го исчистиме. Нема да биде лесно. Во моментов кокаин имате на улиците на Скопје повеќе било кога во историјата на Македонија. Поевтин е од било кога и подостапен е од било кога. Еве нека размислат сите кои што не гледаат кога последен пат на вести виделе кило кокаин да фати македонската царина или македонската полиција. Јас сега ќе одговорам, во овие три години грам кокаин не е фатено. Дури ни по грешка кога прават претрес на камион, автобус или автомобил кој што поминува на граница, повлече Николоски.

Николоски појасни дека и по грешка да фатат ќе го врата назад, Затоа што структурите на СДСМ околу Зоран Заев се во криминална коалиција со наркобандите во Македонија. Тоа е работа која што ВМРО-ДПМНЕ сериозно планира да ја расчисти. Не се прави тоа за ден или два, бидејќи се работи за добро организирани структури кои што имаат многу пари и моќ. И не се милосрдни. Но се прави и решава.

Доколку изборот на граѓаните е добро да има кокаин по улиците тогаш веројатно е да гласаат за Зоран Заев. Но јас сум убеден дека не сакаат да има кокаин по улиците и нивните деца да бидат труени од мали години, да си уништуваат животите и затоа очекувам ВМРО-ДПМНЕ помеѓу другото и заради ова да добие сериозна поддршка. Така што едноставна работата, не е црно – бела, или ќе победи битката против криминалот или ќе победи криминалот, средина нема тука и не може да има, заклучи Николоски.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....