Нелоски: СДСМ виде дека ВМРО-ДПМНЕ беше во право за мерката „Прогресивен данок“ и ја повлече

Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната дебата на Телевизија 24 изјави дека во Република Македонија има катастрофална реализација на капиталните инвестиции од страна на СДСМ. За Нелоски 2019 година претставува лоша економска година поради тоа што Владата на СДСМ немала проектен менаџмент и користела пиши-бриши политика.

-Прогресивниот данок како мерка беше на фанфари најавуван дека ќе ја врати еднаквоста помеѓу граѓаните, за да започне таа мерка и 9 месеци по започнувањето на мерката за прогресивен данок да биде прекината без притоа некој да понесе одговорност. СДСМ виде дека ВМРО-ДПМНЕ беше во право критикувајќи ја мерката и ја повлече, без притоа никаде да слушнеме одговор што со последиците, кој ќе им врати на компаниите и претприемачите она што изгубиле овие 9 месеци?, праша Нелоски.

Тој потенцираше дека Владата на СДСМ не ги носи мерките систематски и врз сеопфатна анализа за клучните економски мерки од изборите од 2016 година и дека со оваа мерка СДСМ им нанела сериозен удар на економијата и на фирмите во Македонија. Според него, бројките покажуваат дека во државата капиталните инвестиции се катастрофа.

-Просечната плата за време на ВМРО-ДПМНЕ растела со 5,6%, а просекот на СДСМ е 4,1%. Кај соседите околу нас Бугарија 10,4 % Србија 10% и Словенија 4,3 %. Поентата ми е дека не можете вие за политички маркетинг да споредувате тоа што вас ви одговара, рече Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.