Михајловски: Рекeтот не е почнат од Боки 13, туку од првиот ден кога тогашната опозиција ги добива бомбите

Во вечерашната емисија „Јади бурек“ членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски истакна дека аферата „Рекет“ не е започната од Бојан Јовановски познат како Боки 13, туку од оној момент кога тогашната опозиција СДСМ ги добива незаконски прислушкуваните материјали и доаѓа на идеја да изнудува пари.

-СДСМ некои бомби ги пријавија,а легендата вели дека сокриени се 2 милиони бомби. Некои политичари и од ВМРО-ДПМНЕ кои не се појавуваат во бомбите, а биле на многу високи министерски места, дали за здравство дали за образование, не е битно ама дебело се искеширале. Значи рекетот започнува во моментот кога доаѓа оваа структура на власт. Ректот не е почнат од Боки 13ка, туку од првиот ден кога тогашната опозиција ги добива бомбите. Уште пред да дојдат на власт почнуваат со рекет. Легендата вели дека на пар луѓе, слушајќи ги нивните љубовни разговори им ги растурија браковите. Уценувањето дека ќе ти ги пуштам овие бомби ако не молчиш или ако не се повлечеш или ќе платиш толку пари. Пак ќе речам легендата вели дека некои си платиле за да не им се пуштаат бомбите, да не бидат слушнати и си ја купиле тишината. И од тогаш почнува фактички рекетот. Во тие пак, 2 милиона бомби, вели Михајловски.

Михајловски рече и дека е сигурен дека ги има и разговорите на СДСМ.

-Како тие се договарале и какви пазарења правеле во време на опозиција и какви сценарија тие смислувале за да дојдат на власт. Тие бомби не се безбедни сигурен сум, сигурно тој што ги пратил има некаде некој бекап, тоа сите го знаеме. Така да, тој бекап прашање е на време кога ќе излезе и кога ќе пукаат нови бомби, рече Михајловски.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....