Колариќ: СДСМ и Шилегов ветија алпски воздух, а повеќе пари издвоија за набавка на лубриканти

СДСМ и Шилегов им ветуваа алпски воздух на Скопјани, а реално не е исполнето ништо, мерките се измислени, а пари за заштита на животната средина се издвоија исто колку што владата издвои и за лубриканти, вели Светлана Колариќ, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, во емисијата „И што сега“ на МТВ.

Колариќ истакна дека проблемот со немањето конкретни мерки не е само кај градоначалникот Шилегов туку проблемот е заеднички на владата и Шилегов, а и на останатите градоначалници на општините во градот Скопје.

-Граѓаните знаат дека од буџетот за 2020 година кој што е 3,8 милијарди евра, на државно ниво, само 19 милиони евра во 2020 година, односно 0,5% се издвоени за заштита на животната средина. Земете ги статистиките од 2018 и 2019 година и ќе видите дека на крајот на 2018 година по медиумите кажаа дека е направен план за чист воздух, а беа планирани само 1,5 милиони евра што навистина претставува смешна сума, која не е ни за спомнување кога ќе споредам дека околу 1,5 милиони евра оваа влада одвои токму за лубриканти, потенцира Колариќ.

Таа додаде дека градоначалникот на градот Скопје во својата програма понуди алпски воздух за многу кратко време, сигурно дека предвидел за 4 години дека скопјани ќе дишат воздух без смог, но во реалноста тоа не гледаме дека го исполнува.

-Се што се предвиде во таа програма ништо не е реално исполнето сите мерки само да кажам дека само 2-3 % се застапени мерките се измислени. Од друга страна погледнете ги буџетите на скопските градоначалници на останатите општини ќе видите еден друг дел од приказната односно заспани трнорушки, нагласи Колариќ.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...