Мизрахи денеска на средби со директорот на државниот инспекторат за труд и директорот на фондот за ПИОМ

Дополнителниот министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, денеска оствари средби со директорот на Државниот инспекторат за труд, Аљајдин Хавзиу и со директорот на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување, Шаип Зенељи.

Таа на средбата со директорот на Државниот инспекторат за труд, Аљајдин Хавзиу, истакна дека соработката меѓу двете институции треба да биде на највисоко ниво како и доследна примена на законите и другите прописи од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа.

Министерката посочи дека целта е унапредување и заштита на работничките права и остварување на интересите на работниците за безбедност и здравје при работа.

-Економијата и бизнисот не можат да напредуваат без почитување на законите. Со спречување на работата на црно се намалува нелојалната конкуренција во Република Македонија. Мора да им се осигураат правата на работниците да работат согласно со правилата и законите. Не смее правата на македонските работници да се кршат, наша задача е да ги заштитиме, вели таа.

На средбата со директорот на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување, Шаип Зенељи, таа истакна дека заедничка заложба е фондот да биде вистински сервис на пензионерите, а состојбата во институцијата да се промени кон унапредување на услугите и подобрување на пристапот до пензионерите.

Таа порача дека во врвот на нејзините приоритети е враќање на достоинството на пензионерите и нивната благосостојба во Република Македонија.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...