Стоилковски: Огледало на СДСМ и Заев се тепачите, насилниците и беззаконието на власта

Интегрален текст од прес конференција за медиуми – Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Има ли обвинителство во Македонија, Ќе излезе ли конечно од прегратките на Зоран Заев и ќе одлучува ли за насилството и беззаконието на власта?

Истите ликови од СДСМ – Љупчо Николовски, Костадин Костадинов, Дамјан Манчевски и други кои што ронат крокодилски солзи за работата на Цветан Трипуновски затоа што ги штити земјоделците. Истите тие ќе реагираат ли за тепањето од Курто Дудуш, шверцот на Боро Малборо, за заканите од градоначалникот Марјанчо Стојчев во Демир Хисар?

Дудуш, тепачот од Шуто Оризари, Марјанче Стојановски од Демир Хисар кој што се заканува со прислушување, Боро Малборо Стојчев од Ново Село шверцерот на цигари, се луѓе – огледало на Зоран Заев огледало на СДСМ, огледало на шерифлукот на Заев и СДСМ.

Во неполни три години: Прво нема ниту обвинение за тешки закани од градоначалникот од Демир Хисар кон граѓаните, за што има и снимка. Следеше пресуда на само 6 месеци за прекуграничен шверц вршен од семејството и лично од градоначалникот на Ново Село, а во акцијата за апсење беше пукано кон полицијата. Сега Курто Дудуш за тепање и малтретирање сограѓанин, но и по снимки за киднапирање и изживување на сограѓанин, минува со судска опомена!

Ниту еден од овие градоначалници на СДСМ и на Зоран Заев не е соодветно санкциониран, за ниеден нема соодветна казна од судството на Зоран Заев и на СДСМ.

Курто Дудуш за тепање сограѓанин од судот излезе со опомена, Стојановски од Демир Хисар нема ни обвинение, Боро Малборо по апсење во кое е пукано кон полиција доби само 6 месеци за да остане градоначалник!

Тие сега треба да служат како примери за другите градоначалници на Заев и на СДСМ, примери поведени од криминогената централна власт на Заев и на СДСМ, примери кои испраќаат порака за политичка, полициска и судска заштита од Заев и СДСМ.

Тоа е реформираното Луј Витон судство отворено како пупка на Зоран Заев и на СДСМ, тоа се европските вредности разбрани од Заев и од СДСМ.

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ – никогаш повеќе.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...