Факт е дека завршува времето на криминалот и корупцијата, доаѓа време за Обнова на Македонија

Факти на денот:

1.Од понеделник ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен, започнува кампањата ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”. Ќе се посети секое семејство, секој дом. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе ја оствари најголемата победа во историјата.

2.СДСМ го спречи покачувањето на пензиите согласно растот на просечната плата на сите вработени во Македонија.

3.Поранешниот началник на штипската полиција, Љупчо Трајковски против кого се води судски процес за криумчарење мигранти, унапреден во советник во Бирото за јавна безбедност.

4.Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски вети дека ќе им биде заштитник на земјоделците. Трудот и чесната работа на земјоделецот мораат да бидат вреднувани. Земјоделските плодови не смеат да скапуваат по нивите.

5.СДСМ продолжува со дилетантскиот, штетен и понижувачки однос кон националните интереси, кршејќи ги процедурите и игнорирајќи го крикот на стручната јавност во однос на предложениот закон за употреба на Македонскиот јазик.

6.Освен Курто Дудуш, обвинителството ги штити сите преостанати насилници и заканувачи на СДСМ. Функционерите на СДСМ ја користат партиската книшка како бариера која им овозможува каубојско однесување во населените места без притоа да одговараат пред законот.

7.Министерката Нина Ангеловска да и одговори на јавноста зошто државата констатно се задолжува ако таа вели дека буџетот е во добра кондиција? Дали парите кои се позајмуваат се за подмирување на плати за новите 4000 работни места кои се предизборно реализирани?

8.Мила Царовска и МТСП, наместо да бидат тука за граѓаните и да ги прилагодуваат мерките согласно нивните потреби, тиепродолжуваат сонивнатанестручност, импровизација и политиканство.

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.