Комисија за локална самоуправа: 4 години сме заложници на рекетари, криминалци и алчници, кои безмилосно пустошат низ македонските општини

„Градоначалникот на Општина Ново Село вршел шверц на цигари!
Не, ова не е нова вест. Но, поради нејзината поврзаност со моменталните случувања, ја актуелизираме, за да се запамети. А во исто време, правиме компарација – какви квалитети поседуваат поранешните и сегашните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, а какви криминални структури се истакнати функционери од СДСМ.
Боро Стојчев, градоначалникот на Општина Ново Село, очигледно не бил задоволен со платата на градоначалник, па затоа решил да се занимава со црн бизнис. И наместо да се ангажира за реализација на неговата изборна програма, Боро Стојчев решил дека „златната доба“ од неговиот живот треба да ја посвети на шверц. Наместо да им обезбеди подобар живот на жителите на Ново Село – нешто за што е изгласан, тој направил напор да има живот за него и за неговото потесно семејство. Боро Стојчев, наместо да биде пример за почит и следење, тој стана лице кое се следи и пука од страна на полициските службеници.
И кога од една страна го имаме Боро Стојчев, а од друга кој и да е градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ја сфаќаме разликата. Додека едните целиот мандат го посветија на напорна работа, другите од се‘ бараат бизнис интерес или рекетарски дил!
Зоран Заев знаел каков човек кандидира за градоначалник на оваа мала општина, меѓутоа тоа не претставувало пречка за поддршка на лицето кое остави црна дамка во раководењето на локалната самоуправа.
Целокупниот кадар со кој располага СДСМ е пример од кој треба да се срамиме и да избегнуваме контакт со него. Функционерите од оваа партија се сето она за кое сме мислеле дека нема да се случи. Но, за жал, овие 4 години сме заложници на рекетари, криминалци и алчници, кои безмилосно пустошат низ македонските општини“. – Централна комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...