06.06.2023

14 луѓе живи изгореа, а според судството на власта, никој не е виновен

Вчерашната пресуда за случајот со модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе, е уште еден доказ дека во Македонија нема правда за народот, а судството служи само на власта.Во случај каде 14 пациенти ви горат пред очи, за кои би требало да се грижите и да ги лечите и капак на се да нема ниеден крив за сето тоа, само докажува до кој степен е политиризирано нашето судство.Впрочем тоа се виде и кај случаите на Ден Дончев, Рашковски, Лидија Димова и многу други, кои беа фатени во криминал, а денес се шетаат слободно.За 14 фамилии не стигна правдата за своите најмили, кои очекуваа барем крајна разрешница, во која се знае кои се виновниците и истите да бидат казнети.Судството во Македонија веќе не е срам само за државата, туку срам и за цела Европа. Оваа криминална власт ја очекува пораз, а после тоа ќе има и одговорност.