Партијата на аболицираниот Заев сега прави аболиција на кодошите

Интегрален текст од изјава за медиуми – Зоран Илиоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Партијата на аболицираниот Зоран Заев сега прави аболиција на кодошите. Децата на кодошите си ги амнестираат своите предци.

Со СДСМ, Македонија стана единствена држава во Европа во која нема лустрација на кодошите на комунистичкиот режим, кои цели кариери изградија врз база кодошење на македонските патриоти, но и недолжни граѓани.

 

Република Македонија е единствена држава во Европа, во која кодошите на комунистичкиот режим кои местеа луѓе и уништуваа човечки судбини, наместо осуда, за тоа ќе добијат и пари од државата.

СДСМ им овозможува на десетици кодоши кои зацрнија цели семејства, сега да добијат пари од буџетот, кој го полнат децата на некогашните нивни жртви.

Во ЕУ не се оди со остатоците од комунизмот преобразени во демократи. Соработник на режим, не може да биде демократ.

Македонија наместо европска држава станува како Северна Кореја каде со декрет на Заев се простува тоа што го правеле соработниците на тајните служби.

Законот кој што СДСМ го предлага е во целосна спротивност на европските вредности и демократските принципи и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи.

Одговорност за кодошите мора да има. И морална и политичка.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...