Одговор на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Како го коментирате обвинението за 27ми април бидејќи СДСМ велат дека со ова се докажало дека ВМРО-ДПМНЕ биле организатори на тој настан и за возилата во МВР за  кои што техничкиот министер вели дека треба да се вратат, а како што рече денес само едно возило е вратено, останатите не?

Одговор на новинарско прашањеНе е прва ситуација и не е прва прилика СДСМ  да е таа која што обвинува и осудува за било кој случај. Нашиот став во однос на случувањата за 27-ми април е ист и непроменет, тоа е дека се работи за обвинение кое што е од политички – мотивирачки цели се со цел да се оцрни одредена политичка структура од опозицијата.

Второто прашање беше во однос на возилата кои што беа побарани да се вратат, па се работи за повеќе десетици возила кои што се во сопственост и за потребите на МВР. Од она кое што го имаме како сознание, тие возила треба да ги користи МВР, а во моментов се користеле за лични цели на поединци односно за лични интереси и истите биле возени за приватни цели односно возени во своите домови  после работното време. Затоа е побарано од страна на министерот  да се вратат работите во нормала, согласно законите и прописите и да бидат повторно во функција на МВР кое што откога се задолжени од страна на трети лица тие коли, па МВР останало без возила.

Новинарско прашање: Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев  за прв човек на СВР Скопје го предлага Ристе Ставревски. Јавноста го памети Ставревски од политичките бомби со Гордана Јанкуловска и со уште неколку случаи на СЈО. Кој е вашиот став, ова е на СДСМ?

Одговор на новинарско прашање: Разбираме СДСМ се исплашени од професионалноста на кадрите кои што ги назначува техничкиот министер предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев. Како што знаете Ристе Ставревски, лицето за кое што се говори  е висок професионалец со богата кариера и искуство и тоа може да се види од неговата биографија бидејќи долги години наназад е во служба. Тој е професионалец, тој го поседува сеуште и сертификатот за доверливи информации  кој што е издаден во периодот додека бил претходниот министер, Оливер Спасовски и од она што сакам да го потенцирам е дека против господинот Ристе Ставревски не се води ниту една постапка, нема никакво обвинение и воопшто не се водело обвинение. Така да смешни им се сите обвинувања на СДСМ и повеќе од  јасно е дека се исплашени од професионалноста и не се научени на професионален однос во институцијата МВР. Така да можам само да констатирам дека стравот кој што го имаат во моментов  е страв кој што  јасно покажува дека тие ќе бидат поразени на претстојните предвремени парламентарни избори.

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.