Претседателката на Комисијата за култура не закажува продолжение на Надзорната расправа

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати реагираше на нефункционирањето на Комисијата за култура и одбивањето на владеачкото мнозинство да ја продолжи Надзорната расправа за начинот на носење на Годишната програма на Министерството за култура.

Претседателката на Комисијата за култура, Ирена Стефоска, не само што не закажува продолжение на Надзорната расправа, туку одбива да одговори на официјалните барања испратени до неа.

Нефункционирањето на оваа комисија се гледа и од фактот што Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам не се разгледува на Комисијата за култура, туку на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Уште еднаш како пратеничка група, јавно ја повикуваме г-ѓата Стефоска да престане да ја кочи работата на оваа комисија и да најде сила да се ослободи од партиската прегратка на СДСМ, затоа што би требало да биде независен пратеник, како што се декларира.

Во прилог ви ги доставуваме писмените барања од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во кои јасно се наведува што бараме да се дебатира на Комисијата за култура.

Со почит,

ПГ на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...