СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори фрли темна дамка

Соопштение до јавноста

СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори фрли темна дамка.

Владата предводена од СДСМ призна дека за само два месеци вработиле 4.131 партиски војник. Со оваа изборна корупција Зоран Заев сака да го намали поразот, надевајќи се дека ќе избегне одговарност за сторените криминали.

Вработувањето на партиската армија во администрацијата се случува и после договорот за избори и техничка влада, со што СДСМ свесно го нарушува претстојниот изборен процес.

Зоран Заев треба да знае дека оваа армија од партиски послушници сместени во администрација нема да му помогне да побегне од правдата.

Зад секој вработен партиски војник во администрацијата стои по еден разочаран граѓанин чии квалитети не се препознаени од владата. Токму затоа се случува егзодусот на квалитетни кадри. Поради задоволување на апетитите на СДСМ, граѓаните ја напуштаат Република Македонија.

СДСМ за овие три години донесе само неуспех и уназадување во сите сфери на општеството. СДСМ мора да си замине за да стартува обновата на Македонија.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...