Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Дали имате информации бидејќи министерот за внатрешни доаѓа од вашата партија кои се имињата кои ќе бидат именувани од министерот Чулев?

Одговор: Не, немаме информации. Кога ќе има договор тогаш ќе бидат објавени согласно законски утврдените норми.

Прашање: Кога може да се очекува? Денеска, утре…?

Одговор: Наскоро.

Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ е сеуште во комуникација со некоја од албанските партии за можна предизборна коалиција? Со која партија конкретно и дали верувате дека воопшто ќе има коалиција со некоја од албанските партии?

Одговор: Не знам од каде ви е тоа дали воопшто веруваме дека ќе има некаква коалиција со албанските партии. ВМРО-ДПМНЕ е во постојана комуникација со сите политички субјекти, па така и со партиите со т.н. албански блок во Република Македонија. Не знам што е тука спорно околу комуникацијата и воопшто капацитет за постигнување на коалиција.

Прашање: Дали сте оптимисти дека ќе има коалиција со некоја од албанските партии?

Одговор: Прашувате предизборно? Не верувам дека било кој од политичките субјекти во Република Македонија е заинтересиран за предизборни коалицирања меѓу себе со било која политичка партија во Република Македонија, но постизборно апсолутно дека капацитети постојат за тоа.   

Прашање: Како го коментирате она што излезе во јавноста дека во министерството за финансии, дека министерката им забранувала на вработените било каква комуникација со заменичката?

Одговор: Видете, министерството за финансии не е приватна фирма на министерката за финансии – Нина Ангеловска и апсолутно вакви дописи со кој што на вработените им забранува комуникација со заменичката министерка од ВМРО-ДПМНЕ со која што имаат врзан потпис, да комуницираат со неа без одобрение од самата министерка е кршење на закон и самото тоа ги тера вработените на кривично дело. Од друга страна апсолутно вакви дописи на министерката Нина Ангеловска само ги подгреваат сомнежите дека во министерството за финансии постои можност за сомнителни активности во насока на предизборни поткупи и делувања со државната каса.

Прашање: Дали заменичката за финансии ќе поткрене некаква постапка, затоа што според Законот за влада имаат врзани потписи?

Одговор: Токму тоа и го посочив, дека со ваков допис од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска се тераат вработените на кривично дело со кршење на законот и апсолутно не знам од каде и е тој порив, освен ако не е во насока на можност за скривање на некакви делувања во министерството за финансии во насока на изборен поткуп.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...