Мицкоски: Најмалку што може СДСМ да направи е извинување кон Мизрахи и кон ВМРО-ДПМНЕ

Заев ветуваше едно општество за сите, ама тоа само пред камерите, а во реалноста, оние кои први беа до него ќе напишат дека сме биле “фашистичка партија”, згора на тоа вулгарно ќе посочат за Рашела Мизрахи дека “имало и Евреи кои работеле за нацистите”. И притоа ваквите навреди и пропагираниот антисемитизам ќе им се допаднат на социјалните мрежи на советниците на Заев кои добиваат плата од сите нас. Згрозен сум од леснотијата со која се прават поделби, се шири говор на омраза кон државата Израел и Еврејскиот народ, и навредите кон ВМРО-ДПМНЕ, зад кои стојат политички мотиви и се стимулирани од партијата на власт. И ова не е првпат, но овој пат е премногу. Фраза едно општество за сите ја претвораат во прогон кон неистомислениците. Нема работа која самите не си ја негираа, нема работа која самите не ја погазија. Јас ја разбирам нервозата присутна во СДСМ, дури можам да го разберам и стравот од пораз, но не можам да ја разберам омразата со која се служат и удираат ниско по оние не мислат исто како нив. На крајот од денот, достоинството и честа немаат цена, и таквите навреди говорат за оние кои ги изнесуваат и оние кои ги инструираат, отколку за оној кон кој се насочени. Поддршка и целосна почит за Евреите и Израел која е голем пријател на Македонија. Најмалку што може СДСМ да направи е извинување кон Мизрахи, и кон ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова ќе заврши, но срамот на оние кои денес го земаат знамето на омразата ќе остане. И секако, сето ова нема да ги спаси или да го намали поразот кој им претстои.

Поврзани вести

Предлог мерки за помош на спортистите, спортските работници, клубовите и вработените во спортските федерации и објектите за спорт поради пандемијата со вирусот Ковид – 19

Интегрален текст од прес конференција на Влатко Неделковски Почитувани, Jа поздравуваме намерата на владата...

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....