СДСМ да се извини за антисемитските напади врз Мизрахи, скандалозно е што владини советници поддржуваат говор на омраза

Соопштение до јавноста

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува антисемитските напади инструирани од СДСМ врз првата министерка во Република Македонија со еврејско потекло Рашела Мизрахи.

Ваквиот говор на омраза и нападите на СДСМ покажуваат дека деспотот Заев губи контрола и истите се последица на поразот кој им престои. Нападите и личната дисфалификација и припадност се круната на недемократското владеење на Заев кој паѓа. Секој ден за Заев е борба за да си го заштити криминалот. Тоа што владините советници на Заев поддржуваат антисемитизам е доказ за антиевропската влада на Заев.

Бараме СДСМ јавно да се огради, да ги осуди и да се извини за антисемитските напади врз Рашела Мизрахи и стимулирањето на политика на поделби. Ваквиот говор на омраза не враќа на почетокот на 20 век, наместо да не носи кон европските стандарди и правила.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.