Поради неспособноста на Заев се намали економската активност, а со тоа се намалија и даночните приливи

Соопштение до јавноста

Економијата во Македонија тоне. Погрешните економски политики, корумпираноста, расипништвото и неспособноста на Заев трета година по ред ја влечат надолу. Добрата вест е што Заев не е повеќе власт, а од 12 април и остатоците на неговите погубни политики ќе доживеат тежок пораз и Македонија ќе тргне напред.

2019 година ја завршивме со 70 милиони евра помалку даночни приходи од планираните согласно извештајот на УЈП за изминатата година. По основ на прибирање на данок на добивка, прибрани се 24,49% помалку средства од планираните, а по основ на данокот на личен доход прибрани се речиси 2% помалку од планираното и покрај зголемената даночна стапка која важеше до октомври 2019 година. Кај данокот на додадена вредност прибрани се помалку средства во износ од 70 милиони евра.

Дополнително растот на БДП во услови кога нема светска и економска криза е помал од просечниот раст на БДП во ЕУ, а нивото на странски инвестиции заклучно со третиот квартал е само 113 милиони евра што е два и пол пати помалку од лани и еден од најниските во Европа и Балканот.

Годината ја завршивме и со намалено индустриско производство и за 1,5% помалку вработени во индустријата.

Сето ова е резултат на погубната економска политика која Заев ја спроведуваше изминатите три години. Се намали економската активност, а со тоа се намалија и даночните приливи.

Стопанството е доведено пред колапс. Реалноста е катастрофална. Падот на економијата може да се спречи само на 12 април, кога ќе отпочне обновата на Македонија и економскиот напредок.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....