Мерката „мој ДДВ“ е популистичка и без ефект за граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Кирил Колемишевски

Мерката „мој ДДВ“ е популистичка и без ефект за граѓаните. Наместо со квази проекти, СДСМ требаше изминативе три години да направи нешто за економијата да тргне напред.

Но наместо 5% раст на економијата, со СДСМ имаме 7 милиони евра изрекетирани од бизнисмените.

Наместо капитални инвестиции, нови автопати и железници, имаме милионски тендери за фирмите блиски до врвот на власта.

Наместо еднаква достапност на секое работно место до секој, имаме партизација  на институциите и епидемија од непотизам.

СДСМ во изминативе три години покажа само неспособност, некадарност и неработа. Ефектите се видливи. Економијата тоне и затоа СДСМ мора да си замине. Популизмот нема да го спречи падот на СДСМ.

Доаѓа обнова.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...