За создавање на поквалитетни земјоделски политики го формиравме тимот на советници со кои ќе ги донесеме промените во земјоделието

Почитувани,

Од денес почнува крајот на СДСМ. Од денес почнува  подготовката за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ  нуди квалитет, работа и посветеност наспроти криминалот, неработата и неспособноста.

Мојата функција како дополнителен заменик министер во МЗШВ ќе ја извршувам во целосна корист на земјоделците. Земјоделците од денес во ВМРО-ДПМНЕ имаат заштитник, но и партнер кој ќе работи во нивна корист.

Водени од мислата за создавање подобри услуги и поквалитетни земјоделски политики формиравме Совет на земјоделци и Совет на професори експерти, кои ќе ме советуваат и ќе работат во корист на земјоделците.

Советот на земјоделци и Советот на професори експерти, за разлика од скапо платените 58 советници на Заев, кои ја чинат државата над 50.000 евра секој месец, моите советници нема да ги чинат граѓаните ниту денар.

Советот на земјоделци ќе биде составен од земјоделци и земјоделски лидери од цела Република Македонија кои  за почеток ќе брои 6 земјоделци и тоа во состав:

– Златко Стојчев од Росоман , лозаро – овоштар и претседател на здружението „Тиквешки лозаро – овоштари“;

– Драги Памуков од с.Куклиш,  Струмица, градинар, претседател на здружението „Кукла Градинар“;

– Драгољуб Гаврилов од с.Чешиново, оризар, претседател на здружението „Агро обнова“;

– Зоран Илиевски од Ресен, овоштар, претседател на здружението „Агро Преспа“;

– Митко Јанков од с. Ораовец, Велес, сточар, претседател на здружението „Здружение на земјоделци и граѓани Агро Центар“;

– Николче Илиевски од с. Добрушево, Могила, тутунар, претседател на здружението „Тутуноберачите“

Овие земјоделци, луѓе кои ќе работата за обновата на  земјата, кои ќе ја хранат Македонија и светот, за разлика од  советниците на Заев ќе го дадат своето знаење на располагање на граѓаните без за тоа да бараат денар или било каков хонорар.

Советот на професори експерти ќе биде составен од 6 члена, професори, експерти, докажани во своите области и тоа:

– Проф. Д-р. Драги Димитриевски, редовен професор на Земјоделскиот факултет при  УКИМ во Скопје. Професорот Димитриевски објавил повеќе од 90 научни и стручни трудови, во земјата и странство. Раководел и учествувал во 20-тина домашни и меѓународни научно-истражувачки проекти. Проф. Д-р Димитриевски во два мандата бил Декан на Факултетот за земјоделски науки и храна, а во еден мандат на овој факултет бил продекан за наука.

– Проф. Д-р. Златко Трајанов, редовен професор од областа на Искористување на шумите, Механизација во шумарството на Шумарскиот факултет при УКИМ во Скопје. Трајанов има објавено 50 – тина научни трудови во домашни и странски списанија од областа на шумарството.

– Д-р. Миле Јакимовски, автор и ко-автор на десетина научни трудови објавени во домашни и меѓународни списанија. Рецензент на околу 150 планови за управување и стопанисување од областа на ловството и 50 труда од областа на шумарството.

–  Проф. Д-р. Трпе Ристоски, вонреден професор на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, на Катедра по Патолошка морфологија и Катедра по Судско ветеринарство и ветеринарна етика. Ристоски има објавено 75 научни и стручни трудови во домашни и странски списанија, коавтор е на две книги и 66 прирачници од областа на ветеринарната медицина.

– Проф. Д-р. Владимир Џабирски, редовен професор на Земјоделскиот факултет при УКИМ во Скопје. Проф. Д-р. Џабирски е автор на десетици научни трудови објавени во домашни и странски списанија.

– Проф. Д-р. Тошо Арсов, редовен професор на Земјоделскиот факултет при УКИМ во Скопје. Проф. Д-р. Арсов има објавено 37 научни трудови во домашни и странски списанија.,

Ова е тимот на професори експерти, луѓе докажани во своите области, кои цели кариери посветиле на земјоделието и шумарството, луѓе кои целото свое знаење ќе го стават на располагање на земјоделците и МЗШВ,  pro bono, без било каков надоместок или хонорар.

Овие луѓе се луѓето кои заедно со мене ќе ги донесат промените во земјоделскиот сектор во Република Македонија.

 

Со почит,
Цветан Трипуновски,
дополнителен заменик министер во МЗШВ

 

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....