Стаменковска-Стојковски:Ќе биде извршен надзор на огласите за вработување кои се актуелни во последниов период

Почитувани,

Денес е првиот работен ден во Министерството за информатичко општество и администрација. Она што вистински загрижува е нагласената партизација и десетиците отворени огласи за стотици нови  вработувања во пресрет на изборите.

Партизацијата е едниот проблем, но она што претставува вистински дополнителен проблем е токму непотизмот. Заразата од непотизам прави дисторзија на квалитетот на кадрите и дава шанса на роднините и пријателите пред сите други квалитетни кадри.

Како дополнителен заменски министер објавувам дека ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување кои се актуелни во последниов период. Имаме сознанија за незаконски постапки при вработување и мојата цел е да не се загрози европската перспектива на Македонија преку нарушениот предизборен период во кој поткупот на гласачи преку масовната партизација на администрацијата.

Моето инсистирање на законито работење не е обструкција на политиката на вработување, туку напротив, да ставам точка на непотизмот, неквалитетот и партизацијата во институциите. Тоа е и од постулатот на моето работење, борба против непотизмот, борба против партизацијата на администрацијата и време е во администрацијата конечно да дојдат квалитетни кадри, кадри кои што се обучени, кадри кои што треба да ја водат Македонија напред во Европската Унија.

 

 

Со почит,

Невенка Стаменковска Стојковски

Дополнителен заменик министер во МИОА

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.