Одговори на новинарски прашања

Одговори на новинарски прашања

Прашање: Кои се вашите први чекори во техничката Влада?

Одговор на Цветан Трипуновски: Ние уште денес ќе влеземе во институциите, таму каде што има овозможено и создадено услови за истото. Останатите во текот на утрешниот ден и првата работа што ќе биде наша обврска како министри односно дополнителни технички министри ќе биде да ја согледаме состојбата во министерствата директно од внатре и веднаш ќе се заложиме да преземеме некои чекори кои што ќе значат подобро утре за македонските граѓани.

Прашање: Како ги коментирате вчерашните и денешните прераспределби и што се вели штанцање на решенија во МВР?

Одговор на Наќе Чулев: Приоритетна цел во наредниот период на мене како технички министер за внатрешни работи на Република Македонија пред се ќе биде организирање на мирни, фер и демократски избори и за таа цел ќе бидат превземени широк спектар на мерки и активности во насока на превенирање на евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен период ќе бидат во соработка со меѓународни организации  и други државни институции во Република Македонија ќе бидат превземени активности за стабилизација на државата и за заштита на уставниот поредок и безбедност  на граѓаните. Што се однесува до последните  решенија кои се дадени во изминатите три дена вклучително и во текот на  денешниот ден сметам дека ни треба еден период на согледување на состојбата во Министерството за внатрешни работи и за најмногу за неколку дена ќе излеземе со официјално соопштение во однос на најголем дел незаконски дадени решенија.

Прашање: Ќе имате ли доволно време до пред изборите да направите ревизија на можеби исплаќањата за кои се шпекулира дека популистички се прават сега точно пред изборите за да се купат гласови и слично? И дали ќе ставите вето на кое што имате право?

Одговор на Гордана Димитриеска Кочоска: Ние од моментот кога ќе влеземе во министерството, ќе почнеме со работа и она за што граѓаните треба да бидат сигурни е фактот дека ниту една исплата нема да оди надвор од рамките на законот. Исто така, се што ќе биде за поткуп на изборни цели ќе биде стопирано. Значи, ќе работиме само во рамки и согласно законот. Ништо надвор од тоа.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...