Партијата која си заминува од власт во обид да го ублажи поразот свесно манипулира со пензионерите

Соопштение до јавноста реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ преку својата фабрика за лажни вести во пресрет на изборите се расфрла со лаги. Партијата која си заминува од власт во обид да го ублажи поразот свесно манипулира со пензионерите во Република Македонија.

Најавеното покачувања е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев, а реалноста е дека СДСМ ги оштетува пензионерите и ги остава покуси за половина од парите за покачените пензии кои треба и им следува.

Криминалната власт веднаш откако дојде на власт им ги укина 5% покачување на пензионерите кои ги добиваа во  време на ВМРО-ДПМНЕ и сите други привилегии кои ги уживаа, а потоа намерно ја промени методологијата со која наместо да им покачи всушност им крати.

Во услови кога трошоците за живот растат, Заев и СДСМ манипулираат со пензионерите и ги убедуваат дека траба да бидат задоволни со трошки, наместо со погача.

За среќа на пензионерите, а и на сите македонски граѓани СДСМ и Заев си заминуваат од власт. После 12 април следува Обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тогаш пензионерите и граѓаните ќе ја добијат правдата и ќе си ги добијат парите кои СДСМ им ги крати.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...