Среде еколошка катастрофа Наумовски го уништува централниот парк во Ѓорче Петров само затоа што има семејна парцела од која можеби ќе профитира

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Среде најголемата еколошка катастрофа градоначалникот на Ѓорче Петров,  Александар Наумовски го уништува централниот парк на општината само затоа што има семејна парцела од која можеби ќе профитира. Иако негираше, демантираше и велеше дека нема да фали ниту педа зеленило, за дозволата за градба на цела зграда среде парк сега црта цела улица до зградата!

И покрај бројните реакции и противења на жителите на Ѓорче Петров во централниот парк на населбата да се гради станбена зграда. Семејството Наумовски на местото за градба, поседува семеен објект,  но под него е речиси 1000 м2 земјиште. Сега заради зградата Наумовски низ паркот гради улица.

Почитувани,

По ветувањата на Наумовски дека нема да биде уништена ниту една педа од паркот, од паркот сега прави зграда и улица. За тоа сега ќе се потрошат 45 милиони денари и за што општината се задолжи 14,5 милиони денари. Наумовски сега вели дека целта на оваа ткн, сервисна уличка, е да креира корзо со кафетерии, како сам го нарекува, од кое потоа можеби ќе оствари лична корист.

Општината која руши рекорди во Скопје по загаденост, сега губи голем дел од единствениот голем парк. Наумовски во кампањата за градоначалник на жителите на Ѓорче Петров им ветуваше планска изградба на згради, нови зелени површини, а како еден од поголемите проекти во неговата предизборна програма беше темелно реновирање на централниот парк во општината.

Да биде апсурдот поголем пред неколку месеци на истиов овој потег кој што сега е преоран градоначалникот потроши огромни пари за садење на дрва и поставување на детско игралиште, за сега ќе бидат уништени. Ова е трета интервенција на истиов овој зелен простор во рок од 6 месеци.

Скопјани, Ѓорче Петровци, се излажани од Наумовски, предизборно добија лажни ветувања, нема ниту нови паркови, загаденоста на воздухот во зимскиот период е на рекордно ниво и не се реши урбаниот хаос. Дополнително се уништи и централниот парк во ЃП.

Почитувани,

Ова лажење и ова самоволие и чувство за неказнивост е поттикнато од однесувањето на Зоран Заев. Нему му истекуваат последните денови. За 5 дена, Заев заминува, на 12 април власта заминуваат лагите и самоволието. Македонија ќе победи, започнува Обновата.

Одговорност мора да има и ќе има!

 

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....