СДСМ треба да им објасни на граѓаните како се троши по 100.000 евра дневно за рекламирање на кампања, во моменти кога државата ни тоне на економски план

Интегрален текс од изјава за медиуми на Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Партијата во заминување СДСМ за само две недели потроши повеќе од над 1 милион евра за рекламирање по национални медиуми.

Зоран Заев кој е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе, сеуште молчи и не кажува од каде му се над 1 милион евра за рекламирање на своите неуспеси прикажувајќи ги како успеси.

Ако се земе во предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги трошат?

Дали можеби торбите Луј Витон од РЕКЕТ се изворите на финансирање на СДСМ?

Дали можеби начинот на финансирање се тендерите кои секојдневно завршуваат во џебовите до блиски на СДСМ и функционерите?

СДСМ треба да им објасни на граѓаните како се троши по 100.000 евра дневно за рекламирање на кампања, во моменти кога државата ни тоне на економски план.

Ова се потрошени над 1 милион евра за класична манипулација на граѓаните и за обид да се поткупат и подмитат националните медиуми.

Она што е добро е дека Зоран Заев ќе е премиер само уште 5 дена и никогаш повеќе, а СДСМ партија на власт уште 4 месеци и никогаш повеќе.

Одговорност за се мора да има и ќе има по 12-ти април.

Република Македонија конечно мора да тргне напред, а СДСМ да докажува од каде им се над 1 милион евра за две недели рекламирање по медиумите.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...