И тоа дочекавме. Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец

Соопштение до јавноста реакција на прес конференцијата на владата

Почитувани,

И тоа дочекавме. Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец. Она што зачудува е фактот што Зоран Заев и Кочо Анѓушев промовира инвестиции на компанијата Дура аутомотив Системс за која реномираниот Вол Стрит Журнал на почетокот на ноември пишуваше дека веќе банкротирала. Дали Зоран Заев и Анѓушев свесно во пресрет на изборите ги лажат граѓаните дека донеле инвестиција на компанија која и самата има сериозни финансиски проблеми и е во банкрот?

Ако е така, тогаш ова е уште една лага на Заев како и лагите со кои три години ги убедува граѓаните дека само што не дошле странски инвеститори и само што не почнал економскиот бум во Македонија.

Владата на Заев имаше три години да донесе инвестиции во Македонија, а притоа да почнат самите со разговори, па да дојде до старт на производство. Резултатите од нивното работење се поразителни. Од почетокот на годината заклучно со средината на годината, нивото на странски инвестиции е 48,7 милиони евра. Ова е убедливо најмалку во целиот регион. Во месеците мај, јуни дури имаме дури и одлив имаме негативно салдо на странските директни инвестиции. Граѓаните сеуште ги очекуваат инвестициите на Фолксваген, Фејсбук, Гугл, САНОС кои ги најави Заев.

Ова го нема, ама затоа има најавено ново задолжување во јануари со еврообврзница во износ од половина милијарда евра.

Владата која што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ после 12 април ќе отпочне преговори, но и ќе донесе многу други инвестиции во земјата. Нашата цел е Македонија да биде економски и технолошки тигар на Балканот, но и во Европа и таа цел ќе биде реалност после падот на оваа власт предводена од Заев. Она кое ВМРО –ДПМНЕ го нуди пред граѓаните е дека нивото на странски инвестиции и домашни инвестиции биде во вредност не помала од 4 милијарди евра во време на нашиот мандат.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.