Заев и Спасовски не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните и нивниот имот

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Премиерот и министер во заминување, Заев и Спасовски не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Не поминува недела, а да нема запалено возило на улиците во Скопје. Скопје стана како Бејрут. Автомобили се палат, а  МВР воопшто не реагира.

Синоќа во текот на ноќта е повторно запалено возило марка БМВ на паркингот кај ТЦ „Зебра“ пожарот бил подметнат, а сторителот и намерите како и вообичаено непознати се за полицијата. Срамота е во центарот на Скопје да горат возила, а полицијата да не реагира.

Спасовски не ги штити граѓаните, Спасовски ги штити криминалците.

Дали е точно дека зад ова палење на автомобили се работи за пресметка помеѓу криминални структури на власта и бизнис партнери на Заеви!? Дали заради нечии профити нашите граѓани треба да живеат во страв!?

Криминалците се мотивираат од нереагирањето на полицијата.

Оваа година се запалени над 100 автомобили во Скопје и поголемите градови низ државата. Спасовски е неспособен да ги открие сторителите и да ги заштити жртвите.

Невозможно е некој цела година да пали возила на бизнисмени, политичари и граѓани, а Спасовски да не знае ништо. Ако навистина не знае, тогаш е неспособен, ако знае тогаш очигледно го штити криминалот и криминалците. И едното и другото се причина да си замине и да одговара за неговата неработа.

Почитувани,

На криминалните пресметки мора да им се стави крај. Граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедни во нашата земја. По 12-ти април ќе следува одговорност за криминалците и конечно ќе има безбедност за граѓаните во Република Македонија.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...