Мицкоски: За десет пати Заеви го зголемија имотот додека се на власт, затоа не сакаат испитување на потекло на имот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонската радио телевизија истакна дека откако се СДСМ и Зоран Заев на власт, семејството на Заев имотот го зголемиле за десет пати и затоа не сакаат испитување на потекло на имот за политичари.

Погледнете го најбогатото семејство во Македонија, за колку ги зголемило приходите во последните години.  Зошто нивните компании наеднаш станаа најпосакувани компании во Македонија, не можеа пред 2010 и 2015? Ајде да провериме, вели Мицкоски.

Тој посочи дека мора да се испитаат сите политичари и тој прв се пријавува, а доколку му се најде еден денар кој не може да го оправда ќе ја сноси одговорноста, но тоа треба да го сторат и Заев со семејството и другите политичари.

Еве јас се пријавувам да моето семејство, еден денар доколку има незаконски кој што не може да го оправдам, одма сум подготвен да сносам одговорност, ама истото да го направи Заев со неговото семејство. Истото да го направат сите именувани лица, без разлика дали се ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса, Беса и така натаму, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека не може реторички се да кажеме дека се бориме против корупцијата, но кога ќе згаснат камерите да кажуваме какво е контото на фирмите на бате, тате и останатите бидејќи тоа е нечесно пред граѓаните.

 

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...