Мицкоски: Немам никакви дилеми доколку имаме две третини и бадинтер да одиме чекор назад во договорот со Грција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Македонската радио телевизија истакна дека тој нема никакви дилеми што ќе се случи во врска со Преспанскиот договор доколку опозициската партија добие мнозинство од две третини и обезбеди бадентерово мнозинство, притоа додавајќи дека ќе се оди чекор назад по однос на договорот.

Тој напомена дека власта во обид да се додвори на нашите соседи спроведува и одредби кои не се обврзувачки, а за пример ги зема сведителствата во образовниот сиситем кои според Преспанскиот договор треба да се менуваат по отворањето на поглавјето образование со Европска Унија.

-Нашиот став е јасен ако имаме доволно пратеници соогласно Устав и соогласно бадинтер, немаме дилеми што треба да направиме. Значи чекор назад, ревидирање на договорот и тука не знам зошто тоа го испуштаме. Доколку тоа го немаме тогаш повторно ќе имаме некоја реалност во државата и повторно ќе разгоавараме за реалност. Но еве денешната реалност никаде нас не не обрзува, асполутно никаде нас не не обрзува да ги промениме да речеме сведителствата со новото име на нашата држава кое што е дел од оваа капитулантска реалност. Каде не обрзува тој договор? Никаде не не обрзува тој договор. Тој договор не обрзува откако ќе го отвориме поглавјето образование, откако ќе отвориме тоа поглавје во рок од 5 години да го имплементираме тоа. Па најлесно им е на нив да истрчаат по институциите, да пратат депешеа од Владата, бришење и преименување, не оди тоа така. Кој го натера претседателот на државата со указ да го промени името на државата? Па има Закон за армијата. Во оваа држава има закони и претседателот не го почитува тој закон. Тоа не е имплементирање, тоа е силување институционално. Тоа не е почитување на договорот, вели Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.