Мицкоски: Договорот со Грција е последица на капитулантско и сервилно однесување на СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонската радио телевизија истакна дека Договорот со Грција е последица на капитулантското и сервилно однесување на СДСМ и Зоран Заев.

Оваа реалност која ние денеска не можеме да ја игнорираме е резултат на капитулантското и сервилно однесување на СДСМ и Зоран Заев. Нашиот став по тоа прашање сум го повторил многу пати во минатото, ние имаме реална реалност во државата и би било лицемерно од мене да се колнам како некои политичари во минатото во децата во најмилото, во дедовци во татковци, тоа немам намера, вели Мицкоски.

Тој посочи дека власта манипулира кога вели дека ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не го поддржува договорот со Грција ја изолирало Македонија, а тие биле проевропски и про НАТО, но реалноста е дека ВМРО-ДПМНЕ ја донесе визната либерализација со ЕУ и ги направи сите неопходни  неопходни реформи во армијата заклучно со јануари 2008 година до самитот во Букурешт.

Ќе ве потсетам Договорот за стабилизација и асоцијација го потпиша првата влада која што ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ во Република Македонија, тогаш на господинот Георгиевски, визната либерализација требаше неколку реформски чекори да се испорачаат за да се случи таа визна либерализација да ние денеска имаме евтини летови во метрополите во Европа да можеме да разменуваме искуства и знаење со нашите партери од ЕУ е повторно дело на ВМРО-ДПМНЕ. Првиот извештај каде што се препорачува отпочнување на преговори повторно го направи Владата на ВМНРО-ДПМНЕ, сите ги направи ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМЕ и во минатото и сега го става државниот интерес пред партискиот, а доколку добие 80 пратеници и Бадентерово мнозинство нема дилеми дека ќе го поништи договорот.

Денеска ние го ставивме државниот интерес пред се, покажавме зрелост ти карактер што значи државен интерес иако ќе ве потсетам трпевме многу критики на активисти и партиски функционери. Нашиот став се знае. Доколку ВМРО-ДПМНЕ има две третини во парламентот и исполнет Бадентер, тука немаме дилема, вели Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.