Јанушев:Заев и СДСМ треба да знаат дека нивната пазарџиска политика, ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа

Водачот на криминално-рекетарската банда на власт, Зоран Заев, предлага “трампа”!

Заев и СДСМ ќе го прифателе предлогот за кандидат за мандатар, а ВМРО-ДПМНЕ да го прифатело неговиот предлог за изборен модел.

Прво, предлогот не е на Заев и СДСМ, туку на неколку од помалите политички партии, Заев и СДСМ повторно сакаат да се “китат со туѓи перја”. Имаа 3 години да го предложат, ама неспособни се и за тоа, покрај се друго. Вака, се обични лажговци и манипулатори!

Второ, дали Заев и СДСМ ќе продолжат со “глава во ѕид” политиката, и покрај тоа што ЕУ (ОБСЕ/ОДИХР) јасно и гласно им кажува дека изборен модел се менува најмалку 1 година пред избори?

Трето, ВМРО веќе има кандидат за мандатар , тоа е претседателот на партијата Христијан Мицкоски, дали тоа ќе го формализираме или не, веќе е помалку битно. Јасна е намерата на Заев “со сите сили” да се спасува сам себе си, а сите останати околу него да ги “пушта низ вода”.

Заев и СДСМ треба да знаат дека оваа нивна пазарџиска политика, ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа! Предлозите на Заев тие да прифатат едно, ВМРО да прифати нешто друго, личи на пазар, но ова не е ајвар “Мамас”, тука се работи за принципи и предности, за сериозни прашања.

Македонија е многу повеќе од пазар каков што замислува Заев и пратеничкиот имунитет на кој се надева нема да го амнестира од одговорност.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.