Ѓорчев: Имавме тешка Собраниска година затоа што се случија процеси кои беа надвор од било какви демократски текови

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во утринскиот брифинг во Слободна ТВ зборуваше за оцената за оваа собраниска година која беше многу густа со настани при што го кажа следното:

-Генерално зад нас е тешка година, но спомнувајќи ги наредните 3 месеци апсолутно очекуваме промени. Мислам дека во Парламентот имавме тешка година затоа што се случија процеси кои беа надвор од било какви демократски текови. Имавме пратеници кои се носеа за уставните промени од затвор односно од притвор дента да гласат, имаше силување на власт, имаме ситуација каде што власта во две недели предлага повеќе 200 закони, последните неколку денови имаме предложено 50 закони. Тоа 70 години наназад се нема случено.

Пратеникот Ѓорчев посочи дека има доста грешки во тие закони кои сега СДСМ бара да се донесат во Собрание и дека оние кои ги потпишале тие закони всушност и не ги прочитале.

Тој во своето гостување потсети и на упадите на специјалци кај пратеници, на ситуацијата каде во 5 сабајле влагаат 20 специјалци кај пратеник, ситуација каде се уценуваат луѓе да гласаат како им е наредено или ќе одат во затвор и ова го немало никогаш во Република Македонија.

-Власта за ова апсолутно нема легитимитет, нашиот повик до нив е луѓе си одите за 5 дена, ова е веќе завршена работа, да излеземе на избори, да имаме нова Влада, да имаме мирна промена на власта, да си замине Зоран Заев и тогаш да носиме закони кои ќе имаат легитимитет и кој ќе бидат низ една нормална постапка, порача Ѓорчев.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.