„Де лукс“ од стапувањето на Бочварски, до денес добила околу 5.000.000 денари од институции под надлежност на Штип

Соопштение до јавноста

Поради тоа што градоначалникот не даде одговор на поставените прашања, денес со приложување на договорите ја обелоденуваме вистината за тендерските постапки кои се спроведувале во Штип.

Имено, дел од институциите кои се основани од страна на општината – Градинката „Вера Циривири Трена“, ЈП „Исар“, доделувале тендери на компанијата „Де лукс“, која е во сопственост на членови на фамилијата на градоначалникот.

Фамилијарната компанија, од стапувањето на функција на Бочварски, до денес добила околу 5.000.000 денари од институции кои се на територијата на општина Штип.

Дел од овие институции се под директна надлежност на општината, затоа прашуваме:

Дали градоначалникот влијаел врз изборот на најповолната понуда?

Дали ова не е судир на интерес?

Вака ли се враќаат парите кај граѓаните?

Во прилог:

Линк со склучените договори //wetransfer.com/downloads/72d3d2e019171960e581139357a38cda20191227122600/73a4b96634269de06a9c4e2193a1116620191227122601/c7bc1c

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.