За овие три години СДСМ и Зоран Заев направија невиден грабеж на државата и граѓаните

Соопштение до јавноста

Зоран Заев соочен со поразот кој му следи на изборите работи на сценарио за нивно одложување, бидејќи се плаши да се соочи со граѓаните на Република Македонија.

За овие три години СДСМ и Зоран Заев направија невиден грабеж на државата и граѓаните, ги продадоа државните и национални интереси, а целото нивно владеење е проследено со скандали, рекет, афери, криминал и корупција.

Поради тоа, свесни за поразот, но и крајот на политичката кариера, Заев очајно бара алиби со кое ќе ги одложи изборите и ќе избега од соочување со народот.

Првиот обид на Заев за бегање од избори му беше ратифкацијата на протоколот за НАТО, кој веднаш беше разобличен од ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш потоа Заев се впушти во втор обид во кој поднесе стотици закони до Собранието помеѓу кои и закон за промена на изборниот законик за кој нема политички консензус со очигледна намера да креира криза и да го блокира Собранието на Република Македонија.

Дека законите му се само алиби говори и неговата пазарџиска изјава во која побара сите закони да бидат прифатени во спротивно немало избори.

Како потврда на целото сценарио на Заев говорат и масовната партизација на државните институции, незаконската систематизација во МВР и укинувањето на единицата АЛФА, додека во исто време се презадолжува државата и се амнестираат кодошите виновни за црната страна на комунизмот.

Заев е исплашен човек. Во страв од  пораз на сите можни начини панично се обидува да креира хаос и да ја втурне државата во криза, само за да не се соочи македонските граѓани.

Реалноста е дека помина времето на Зоран Заев, никој повеќе не паѓа на неговите игри и манипулации. Затоа Заев ќе мора да се соочи со граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ. Избори ќе има, а Заев и СДСМ ќе бидат испратени на темната страна на историјата и конечно ќе започне Обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...