Манаскова: Кој ќе ја покрие штетата во МНТ и зошто сеуште се молчи? Она што таму се случи е кривично дело

На денешната седница во Собранието на Република Македонија, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова изрази револт и незадоволство кон премиерот Заев, поради ноншалантниот одговор кој Зоран Заев и го даде на пратеничката Манаскова во однос на немилите настани во МНТ.

Манаскова истакна дека премиерот јавно изјавил дека ќе се формира група која што ќе го разгледува случајот со дивеењето во МНТ како и објавување на материјална штета која што е направена. Иако во моментот е поведена е дисциплинска постапка кон директорката на МНТ која без писмен договор ја отстапила салата за одржување на таков настан, сепак Манаскова напомена дека се работи за селективност.

“Во ред е да се санкционира директорката на МНТ, но исто така тука постои материјал и за кривична одговорност. Не сите присутни таму правеа штета и ги кршеа правилата за однесување во таков простор. Така да, јасно на видеата се гледа кои луѓе вандалски се однесувале во тој простор и треба да понесат одговорност за своето однесување и причинувањето на штетата”, додаде Манаскова.

МВР да отвори постапка во која ќе се прецизира кои луѓе направиле штета и истите кривично да одговараат. Покрај директорката на МНТ која како колатерална штета е санкционирана, така да бидат и директно инволвираните присутни во салата таа вечер, заврши Манаскова.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...