Јанушев: Уапсен Предраг Колувија,бизнис партнер на Заеви

Сакам да посочам на еден скандал кој институциите во Република Македонија упорно го ставаат под тепих, кој само покажува колку е криминална владата која ни ја води нашата држава.

Имено, во соседна Србија се случи апсење на лицето Предраг Колувија во аферата “Јовањица”, на чија плантажа за органско производство беше запленето огромно количество на марихуана. На истата плантажа со декларација “произведено во Холандија” е извезувано во Македонија, а потоа дистрибуирано во други земји во светот.

Скандалот е дотолку поголем што уапсениот Предраг Колувија е бизнис партнер токму на бизнис партнерот на Заеви, Горан Крстев, кој заедно со Заев, ќе потсетам беше аболиран за случајот Глобал.

Токму производителот на дрога во Србија, Колувија, кој моментално е во притвор, е партнер на плантажа за производство на канабис со Крстев во Струмица. Тој оперира во Македонија со три компании, од кои едната е Кипарска фирма, чии сопственици може само да се претпостават.

Вистинските дилеми за овој нов бизнис на најбогатото политичко семејство Заеви се зошто нема никаква проверка од МВР на плантажата на Колувија и бизнис партнерот на Заев во Глобал на плантажата во Македонија? Зошто никој не го проверува Предраг Колувија кој е осомничен за производство на дрога во Србија, кој оперира со плантажи со канабис во Македонија? Зошто ова лице има вип третман од Македонската влада? Каква е врската на семејството Заеви со овој нарко бизнисмен од Србија? Дали плантажите на Вицето се штитени од државата, и кое е тоа масло од канабис кое е шверцувано од Македонија во други земји, а за кои пишуваат српските медиуми? И зошто власта овој случај сака упорно да го стави под тепих? Зошто ниту една инспекција не влегува во плантажата на Колувија во Македонија?

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.