Јанушев: ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ со целосна поддршка за Христијан Мицкоски за кандидат за мандатар

Интегрален текст од изјава за медиуми – Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

По одржување на седницата на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ би сакале да ја информираме јавноста за неколку донесени одлуки.

Прво Извршниот и Централниот комитет едногласно дадоа доверба на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски да ги води разговорите и да ги даде предлозите во однос на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за идни министри, односно заменици или дополнителни министри во техничката влада.

Целта на овие луѓе ќе биде да се погрижат за фер, демократски и целосно транспарентни избори кои ќе се одржат на 12 април .

Второ, Централниот и Извршниот комитет даде целосна едногласна поддршка на Претседателот на партијата Христијан Мицкоски да биде новиот мандатар, односно кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, на коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа.

И трето, Централниот и Извршниот комитет на партијата едногласно го усвоија Годишниот извештај за работа на Претседателот Мицкоски  и исто така на негов предлог, од Кабинетот на претседателот Мицкоски беше разрешен соработникот Томислав Димитровски кој што е познат на јавноста по еден немил настан кој што се случи во изминатиот период.

Почитувани,

За крај би сакал да напоменам дека Република Македонија се наоѓа во една исклучително тешка состојба. Потребно е да се стават интересите на народот пред партиските и лични интереси.

Народот на Македонија очекува надеж. На народот на Македонија им е потребна шанса за подобар живот.

Нашата борба е за напредок, принципи, вредности и за Обнова на Македонија.

И сосема на крај, дозволете во однос на предлогот на Заев за трампа на кандидат за мандатар за неговиот предлог за изборен модел, треба сега и секогаш да знае дека  оваа пазарџиска политика ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа.

Македонија е многу повеќе од тоа што ја замислува Заев. Пратеничкиот имунитет на кој што се надева нема да го амнестира од никаква одговорност. Ова се сериозни теми кои што мораме да ги водиме врз основа на принципи и аргументи.

          

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.