Вељановски до СДСМ: Не обезбедивте економска сигурност на странските компании

На денешната собраниска седница, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски посочи дека жали зошто секогаш на седниците е присутна заменик министерката, а министерката за финансии само се слика по настани.
Класичен потег на владата е одвраќање на странските инвестиции. Рамен данок имаше па вие воведовте прогресивен данок и фалејќи се тука дека на тој начин ќе ја зајакнете средната класа, богатите ќе плаќаат, ги потсети Вељановски пратениците од СДСМ.

Вељановски додаде дека за неполна година СДСМ се врати на старото решение на рамниот данок.

Ви укажуваа, коморите, странските компании, домашните комори, и германска стопанска комора ви укажуваше дека е лошо решение вашиот закон за прогресивен данок бидејќи така се одвраќаат инвестициите, истакна Вељановски.
Вељановски образложи дека СДСМ не им обезбеди економска сигурност на странските компании.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.