Пешевска: ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека воведувањето на прогресивниот данок ќе има негативен ефект

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на денешната собраниска седница рече дека по донесувањето на законот за прогресивен данок отприлика пред 1 година, ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ќе има негативен ефект од прогресивниот данок.

-На јавната расправа овде во Собранието и претставниците на стопанската комора исто така дадоа забелешки и вие ги одбивавте, ги игнориравте сите забелешки. Не ги имлементирaвте во законот за да после неполна година се испостави дека сите сме биле во право, а пред изборите ветувавте да се намали јазот меѓу сиромашните и богатите, да се стабилизира средната класа. Но со често менување на даночната политика се прават такви пореметувања во финасиите на една држава кои потешко се средуваат и ќе треба повеќе време да се стабилизираат финансиските состојби во државата, истакна пратеничката.

Таа кажа дека со ова не се постигна намалување на борбата со сивата економиja, и дека на 1 ноември 2019 година Ангеловска изјави дека примената на прогресивниот данок на личен доход ќе се стави во мирување на 36 месеци и во тој рок од 36 месеци ќе се случуваат јавни расправи, консултации со сите засегнати страна и токму тоа се случуваше и пред да го донесе овој законот.

-За жал забелешки имаше и меѓународниот монетарен фонд дека поради откажувањата од примената на прогресивниот данок, но и поради зголемувањето на платите во јавната администрација и на пензиите сметаа е дека би можеле да се поткопаат некои од придобивките навестени со неодамнешните фискални реформи. Суптилните забелешки и од нас и од Стопанската комора и од Меѓународниот монетарен фонд не важеа за вас за да сега се вратите на старото решение, додаде Пешевска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.