Мицевски: Добивките кои се случуваат во Република Македонија се резултата од компаниите кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе додека беше на власт

На денешната собраниска седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е конструктивно и потсети дека СДСМ ветуваше дека рамниот данок ќе предизвика даночна енвазија, дека ќе се врати средната класа во државата и богатите ќе плаќаат повеќе, а сиромасите помалку. Имено тој посочи дека владата на СДСМ направи да богатите имаат повеќе, сиромасите да плаќаат повеќе.

– Анализа направена во 3 квартал минатата година, не ја видовме, немаше јавни дебати како што правите дебати за се и сешто па да продискутираат економистите или свесни дека влеговте во грешка со главната мерка која што требаше да биде двигател на економијата, која што требаше да ја покрене економијата, таа една од многуте, рече Мицевски.

Тој во своето посочи дека СДСМ кога беше во опозиција ги напаѓаше технолошко-индустриските зони, го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ за тие компании, а сега се кити со истите тие работи и добивките кои се случуваат во Република Македонија се само од тие странски инвестиции.

-54 странски инвестиции дошле во Македонија, ниту фабрика видовме, ниту разбравме која како се вика. Странски компании кога влегуваат во државата, се знае што е странска компанија, како влегува и колку вработени повлекува. Единствените вработувања ги правите само во администрацијата, а тоа ќе се случува и во наредните денови затоа што информациите кои ги имам, огласите околу Нова Година ќе бидат пакетчињата за граѓаните, а треба да ги платат на крајот, додаде Мицевски,

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...