Манаскова до СДСМ: Немавте доблест да признаете дека погрешивте

На денешната собраниска седница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова потсети што значи кога партија претендент за власт има несериозна програма и како тоа изгледа во реалноста.

Вака вели програмата, СДСМ кога ќе дојде на власт ќе води даночна политика која е разумна и добро избалансирана. Прописите за даноците повеќе нема да се менуваат ненајавено и да стапуваат на сила веднаш. Ќе го укинеме оданочувањето од приходите на камати, ќе го укинеме данокот на капитална добивка. Наместо рамниот данок од кој најголема полза имаа најбогатите, ќе воведеме прогресивно оданочување, прочита Манаскова.

Манаскова на сето ова додаде дека сега СДСМ кога виде дека не оди прогресивниот данок, нема доблест да признае дека погрешил со законот.
Повторно креирате неизвесност во сфера во која што најмалку се очекува и во сфера каде што апсолутно не е дозволено. Ваквите гимнастики во однос на даночната политика повлекуваат и одредени негативни резултати, нагласи Манаскова.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...