Колариќ:Изградбата на забавен парк во Скопје е чиста популистичка мерка на Шилегов

Во денешното гостување во утрински брифинг нa Слободна ТВ, советничката од ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје, Светлана Колариќ зборуваше за новата идеја на градоначалникот Петре Шилегов за изградба на забавен парк кој ќе треба да обслужи жители на околу 250 километри.

-Дали навистина на градот Скопје му е потребен забавен парк каде што за реквизити во новиот предлог буџет се зборува за некаде околу 120 милиони денари. Дали навистина кога имаме сеуште реални проблеми со сообраќајници , проблеми со канализација, каде имаме проблеми со водоводната мрежа потребен ни е забавен парк кој дневно ќе има 3000 посетители, ако точно знаеме дека и сообраќајното решение на оваа локација нема да биде решено за оној период за кој што вели градоначалникот дека во средината на 2020 година веќе граѓаните на градот Скопје ќе го видат новиот забавен пар. Чисто сметам дека станува збор за популистичка мерка, истакна Колариќ.

Советничката Колариќ посочи дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на град Скопје се во постојана комуникација со граѓаните за кои се нивните реални проблеми и поднесува амандамани согласно со нивните проблеми, а градоначалникот Шилегов треба да има слух, да размисли и да ги прифати амандманите од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.