Деспотовски: СДСМ шири популистички мерки кои дополнително ја дестабилизираат економијата

На денешната седница во Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски изрази револт кон пратеничката група на СДСМ и коалиција поради предлог измената на законот за данок на личен доход. Тој на пратеничката група на СДСМ и коалицијата им посочи да се избришат член 23 и член 24 од законот поради тоа што инвеститорите кои би сакале да инвестираат во државата ќе се одвраќаат поради нелогичните политики кои се спроведуваат.

-Вие сакате да пласирате до јавноста дека нема веќе да наплаќате големи даноци, но истовремено велите дека е можно данокот да се врати дури и поголем во некоја од наредните години. Верувајте дека поради овие нестабилни одлуки и политики од ваша страна, странските инвеститори ќе се повлечат и нема да инвестираат во Република Македонија, истакна Деспотовски и додаде:

„На нашата држава не и треба нестабилна економија и нестабилни одлуки кои СДСМ сака да ги донесе во интерес на кампањата која полека ја почнува за предвремените парламентарни избори. Доколку нема измена во законот и не се сменат неколку работи кои треба да им помогнат на граѓаните, а не да им ги земат парите, тогаш не можеме да очекуваме сигурна и добра економија“.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....