Јас сум адвокат и будно го следам случајот „Рекет“ и можам слободно да кажам дека токму овој случај е пример како не треба да се води еден процес. Овој случај е пример како со злоупотреба на службена положба и овластувања од страна на носители на одредени извршни функции се заташкува суштината на еден предмет, кој што сите видовме дека во основа е носење на торби со милиони за реализација на одредени побарувања кои што ги имале одредени луѓе во рамки на одредена постапка, вели Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Тошковски посочи дека СДСМ се обидува да продаде приказна на јавноста дека милионскиот рекет го извршиле само Бојан Јовановски наречен Боки 13 и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, односно како што рече тој токму ова ќе биде една од клучните работи поради која СДСМ ќе замине во историјата.

Власта се обидува да продаде приказна на македонскиот народ дека ваков 20 милионски рекет го извршиле некој си сопственик на телевизија и некоја си специјална јавна обвинителка. Но, оваа приказна не може да ја продадат на јавноста и токму ова ќе биде една од клучните точки зошто оваа власт ќе замине во историјата, нагласи Тошковски.

Според него, случајот Рекет е синоним за неуспешна година на власта, додавајќи дека ова е се само не е власт каква што треба да биде.

За мене Рекет е синоним за неуспешна и неспособна 2019 година на оваа власт. Ова е се само не е власт, смета Тошковски.